| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци дека и понатаму сте опседнати со поранешното момче

ра

Иако можеби тоа не сакате да си го признаете самите себе си, овие пет знаци покажуваат дека и натаму сте опседнати со поранешното момче.

Мошне ретко, раскинувањето на врската е ситуација во која и двете страни одлучуваатр дека е подобро повеќе да не бидат заедно и секој од нив продолжува по својот пат. Во главно едната личност продолжува по својот пат, а другата… Продолжува по истиот пат. Овие знаци говорат дека и понатаму сте опседнати со поранешното момче.

Го проверувате неговиот Фејсбук профил

Штом ќе отворите очи, го отварате и неговиот профил и проверувате кој му пишал, кому му се допаѓа тоа што тој го објавил: Во оној миг кога престанала ваша врска, треба да престане и опсесијата, затоа што на овој начин ништо нема да постигнете ниту да спречите, а само ќе се нервирате.

Се јавувате на неговите пријатели

Заедно бевте супер, па зошто и понатаму да не одите заедно во кино и да говорите за тоа време? Неговите пријатели можеби биле и ваши кога сте биле заедно, но неможете да очекувате неговиот најдобар пријател да застане во ваша одбрана.

Размислувате за „вас“

Сеуште размислувате за себе си и за него во множина, сеуште ги планирате нештата што очигледно никогаш нема да ги правите, а некако тоа ви доаѓа природно… Тој сигурно не го прави тоа, па не би требало ниту вие да го правите истото.

Се трудите да го сретнете

Со оглед на тоа што знаете каде излегува наместо да ги избегнувате тие места додека не го преболите, вие намерно одите таму? Тоа сигурно нема да го врати, а само ќе му го крене егото.

Ја слушате „неговата“ музика

Сето она што тој го сака, во што ужива, сето тоа што вам не ви било сосема мило, сега го правите само за да почуствувате дека тој ви е блиску? Ако тоа е единствениот начин за да го задржите, можеби не ви било судено да биде блиску до вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top