| четврток, 6 декември 2018 |

Либија бара оружје од арапските земји за борба против ИД

либија

Меѓународно признатата либиска Влада ги повика денеска арапските држави да и помогнат во вооружување на војската, со цел да може да се пресмета со огранокот на групата Исламска држава (ИД) во земјата.

Либискиот министер за надворешни работи, Мохамед ал-Даири го изнесе ова барање на вонредниот состанок на Арапската лига во Каиро.

Ал-Даири предупреди дека слабо опремените владини сили не можат да се одбранат од ИД, која има за цел да создаде база во Либија, која ќе биде најголема надвор од територијата на Ирак и Сирија.

Шефот на Арапската лига, Набил Алараби го прифати барањето на Ал-Даири, барајќи од членките на организацијата да одговорат „брзо и ефикасно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top