| четврток, 6 декември 2018 |

Ники Лауда: Мото ГП е поспектакуларен спорт од Формула 1

Легендата на Формула 1, Ники Лауда, викендов престојуваше во Брно, Чешка, каде се возеше трка од шампионатот Мото ГП.
Тој беше воодушевен од изведбите на мотоциклистите и имаше голем број пофалби бидејќи можеле да прават чуда возејќи со 350 километри на час.
Тој имаше можност и да се сретне со најдобриот возач на сите времиња, Валентино Роси, и да му ги пренесе своите имресии.

– Навистина е интересно да се гледа Мото ГП, затоа што возачите прават чуда. Тие навистина се мачат да ги контролираат моторите. Во Ф1, за жал, ситуацијата е спротивна. Болидите се премногу лесни за возење, нема никаква забава затоа што сѐ е автоматизирано – изјави легендата Ники Лауда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top