| четврток, 6 декември 2018 |

Кил попушти, Филип Јиха официјално стана соиграч на Кире Лазаров

Чешкиот ракометар и еден од најдобрите во светот на левата бековска позиција, Филип Јиха, и официјално стана соиграч на нашиот Кире Лазаров во Барселона.
Чешкиот „бомбардер“ успеа да издејствува раскин на договорот со Кил, кој му истекуваше дури следната сезона. Тој на свое барање сакаше да направи трансфер во редовите на каталонскиот гигант поради подобрите финансиски услови. По долго убедување, Кил попушти и му овозможи на Чехот да премине во редовите на европскиот шампион.

Тој дојде како замена за најдобриот светски ракометар, Никола Карабатиќ, кој замина во ПСЖ на барање на новиот тренер Сердарушиќ. Јиха има 33 години, висок е 201 сантиметар и се обврза на верност кон Барселона до крајот на сезоната 2018/19. Финансиските детали на трансферот сѐ уште не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top