Власта, опозицијата и невладините организации едногласно ја отфрлија идејата на лидерот на Српската народна партија, Ненад Поповиќ, за подигнување ѕид на границата со Македонија за да се спречи неконтролираниот прилив на емигранти од Блискиот Исток и од северна Африка.
Поповиќ, исто така, предлага рокот за донесување одлуки за азил да се скрати на 48 часа.
Министерот Александар Вулин смета дека ваков предлог не е нов, но и дека ѕидот досега не ги заштитил ниту Унгарија, ниту Бугарија, како што не дале резултати ниту контролите на морето кон Грција и Италија.
– Србија бара од ЕУ да ја формулира својата политика и зависно од неа, Србија да заземе став во согласност со своите интереси. Покрај тоа, Србија не е цел на емигрантите и ние засега немаме проблем со бројот на луѓето што сакаат азил, па со самото тоа ни со прописите за добивање азил – вели Вулин за Блиц.
Шефот на пратеничката група СНС, Зоран Бабиќ, вели дека Србија сака Европа без граници и дека политиката на владата на Србија е „изградба на мостови и линкови, а не на ѕидови“.
Шефот на пратеничката партија ДС, Борислав Стефановиќ, смета дека предлогот на СНС е мотивиран од „опасни десничарски идеи“ како и дека проблемот со емигрантите е многу посложен од подигнувањето огради.
Директорот на Група 484, Владимир Петронијевиќ, истакнува дека ѕидовите „никогаш нема да ја сопрат миграцијата“, а предупредува и дека идејата е спорна од гледна точка на меѓународното право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.