Тој прецизира дека првата фаза, која е во тек и е започната минатата зима, претставува изградба на пристапен пат во тешко пристапен планински терен чија вредност изнесува три милиони евра, а треба да биде готов до крајот на декември годинава.
– Очекуваме почетокот на изградбата на браната да биде во првата половина од идната година меѓу март и јуни. Таа ќе биде од голема помош бидејќи има неколку употребни вредности. Ќе го реши проблемот со водоснабдување на Кочани, на Виница, на Чешионово-Облешево и на други населени места и општини во околината каде живеат илјадници граѓани и ќе овозможи наводнување на нови 1.500 хектари земјоделска површина што е од исклучително значење за луѓето што живеат во тој крај – изјави Груевски.
Тоа, како што рече, ќе биде сериозен поттик за земјоделството и ќе отвори многу нови работни места за луѓе што се занимаваат со земјоделство,
Очекува браната по отпочнувањето со изградба да биде завршена и пуштена во употреба за три до четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски