| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Да не се шпекулира за посебните етнички права на Крим

putin1

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди денеска дека не треба да се шпекулира за наводните посебни права на која било нација на полуостровот Крим.

– Сите шпекулации на тема какви било посебни права за граѓаните кои припаѓаат на одредена националност, одреден етнос, ги сметам за исклучително опасни – изјави Путин за време на својата работна посета на Крим.

– Потребно е да се штитат правата на сите жители на Крим и Севастопољ независно од тоа дали се Руси, Украинци, кримски Татари или претставници на други етноси – нагласи рускиот претседател.

Путин истакна дека „темата за меѓунационалните односи е деликатна и претставниците на власта и заедниците треба да дејствуваат внимателно и преку дијалог“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top