Како бројот на испиени шолји кафе во денот може да влијае на вашето тело, здравје и расположение.
1 филџан дневно
Предности: Шолјата кафе дневно е доволна да ја регулира висината на крвниот притисок и позитивно влијае на крвните жили. Кафето е одличен антиоксиданс кој во минимална мера ви ги поттикнува мозочните активности.
Недостатоци: Шолјата кафе на ден е доволна да ви го поремети сонот и да ве држи будни во текот на ноќта, бидејќи потребни се дури 8 часа за кофеинот потполно да исчезне од крвта. Сепак утринскиот ритуал за вас е подобар, отколку една шолја кафе доцна навечер.
2 филџани дневно
Предности: Оваа количина на кафе на дневно ниво е одлична превенција против Алцхајмеровата болест, односно од толкава доза на кофеин расте количината на протеини во мозокот кои помагаат при губењето на помнењето. Доколку првата шолја кафе ја испиете околу 30 минути пред некоја напорна активност, ќе имате значително повеќе енергија во текот на целиот ден.
Недостатоци: Две шолји кафе се преголема доза на кофеин за трудниците и влијаат негативно заради зголеменото производство на кортизол и адреналин, што може да резултира со спонтан абортус.
3 филџани дневно
Предности: Три филџани кафе дневно го спречуваат настанувањето на рак на јајници кај жените, додека одлично влијае кај мажите кои имаат проблем со настанување на ситни камчиња во бубрезите.
Недостатоци: Оваа висока доза на кофеин го зголемува ризикот од срцев удар.
4 и повеќе филџани дневно
Предности: Четири филџани кафе содржат околу 400 милиграми кофеин кој е силен антиоксиданс кој го чисти организмот и помага во борбата со различни облици на тумор, рак на простатата и дијабетес.
Недостатоци: Оваа огромна количина на кафе дневно може да доведе до ревматски артритис и да предизвика нервоза и потешкотии при варењето на храната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.