Српската модна креаторка Ирена Граховац на „Твитер“ објави дека нејзина вработена во четвртокот навечер била изложена на напад од Сириец, кој се обидел да ја силува во центарот на Белград.
Во полицијата велат дека емигрантот ја нападнал жената и побегнал, но набргу бил фатен. Против Мустафа Сабрија (20) е поднесена прекршочна пријава поради нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи во четвртокот навечер, во центарот на Белград, престолнината на Србија, ја допирал 50-годишната белграѓанка по целото тело.
-Жената се враќала во станот на улица „Адмирал Гепрат“. Осомничениет Сириец ѝ пришол зад грб и почнал да ја допира по телото, градите, а потоа и меѓу нозете. Веднаш потоа избегал – вели неименуван извор на истрагата.
Исплашената и вознемирена жена веднаш по нападот ја известила полицијата, тврдела дека момчето судејќи според сѐ е емигрант, кој се обидел да ја силува, пишува српски „Блиц“.
Неговиот идентитет е утврден и за нападот е известен обвинителот. Тој ги разгледал сите искази и утврдел дека нема елементи на кривично дело, обид за силување, и против Сириецот ќе биде започната прекршочна пријава поради нарушување на јавниот ред и мир, објаснува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија


