Бракот е заедница која бара многу труд и жртвување. Токму поради тоа е многу важно да бидете подготвени и сигурни во својата голема одлука. Како да знаете дека навистина сте подготвени за брак?
Одговорете на овие три прашања за да откриете дали може да преземете таков чекор:
1. Дали ви е најважна среќата на вашиот партнер?
Тајната на среќните врски и брак е кога и двајцата партнери ги ставаат интересите на другиот над своите.
Овде не постојат ни тези ни филозофии, ниту пак некоја си длабока порака, туку едноставно зошто некој би сакал да ја напушти личноста што се руди да го прави среќен?
2. Зошто го сакате партнерот?
Ако партнерот ве прави среќна личност, мора да си откриете зошто. Дури тогаш ќе бидете сигурни дека и вашите чувства ќе бидат искрени, затоа што пеперутките што ги чувствувавте во стомакот на почетокот на врската ќе исчезнат со текот на времето.
3. Подготвени ли сте за живот за да се надополнувате еден со друг?
Важно е дали плановите со вашиот партнер ви се исти и дали сте подготвени да се откажете од вашите ставови и да прифатите туѓи? Ова најдобро се открива во разговор со партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.