Англискиот премиерлигаш Арсенал е сериозен во намерите до крајот на летниот преоден рок да ангажира врвно засилување во нападот и да ја зголеми конкуренцијата во тимот. Целта е конечно освојување на Премиер-лигата по пауза од 12 години.
Касата е полна, а менаџерот Арсен Венгер има одврзани раце да пазари сѐ што ќе посака. Во последниот период како прва опција се спомнување името на Карим Бензема од Реал Мадрид, сепак, медиумите од Островот откриваат дека Венгер многу повеќе би сакал да го ангажира Единсон Кавани, напаѓачот на Пари Сен Жермен. Венгер е подготвен да плати 50 милиони евра за реализација на овој транфер и да го види Уругваецот во своите редови.
Кавани има договор со ПСЖ до јуни 2018 година, и веќе истакна дека нема намера да го напушти Париз ова лето, но понудата од Арсенал може многу брзо да ги смени овие негови планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Срамен потег на Дани Алвес во дуел со Роналдо, шпанските медиуми шокирани (Видео)
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
ПСЖ ја потврди повредата на Нејмар, веројатно го пропушта реваншот со Реал Мадрид