| четврток, 6 декември 2018 |

Барса вечерва против „невозможното“, никогаш не се вратила од негатива од четири гола

Вечерва со почеток од 22 часот на „Камп Ноу“ Барселона ја пречекува екипата на Атлетик Билбао во рамките од Суперкупот на Шпанија. Во првиот натпревар Каталонците доживеаја дебакл на „Сан Мамеш“ каде мораа да го напуштат стадионот со наведнати глави и дури четири примени гола во својата мрежа.
Избраниците на Луис Енрике ќе се обидат да ја анулираат предноста на Билбао од 4-0, иако досега не ѝ успеало на ниедна генерација на каталонскиот клуб.

Сепак, за да се зголеми оптимизмот кај навивачите, во Барселона потсетуваат на победата од 7-0 против Атлетик Билбао на домашен терен од сезоната 2000/01. Да биде поинтересно, хет-трик на тој меч постигна сегашниот тренер на Барса, Луис Енрике.
Дали Меси и другарите можат да го направат „невозможното“, останува да се види по натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top