| четврток, 6 декември 2018 |

Гран-при за ансамблот „Бели мугри“ во Бугарија

Ансамблот за изворни песни и ора „Мугри“ кој е во состав на Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани настапуваше на неколку фестивали каде освои престижни награди.

Раководителот на ансамблот Драги Атанасов ги презентираше резултатите постигнати на фестивалите во Ќустендил, Република Бугарија и во Долнени кај Прилеп.

На Меѓународниот фестивал во Ќустендил, ансамблот беше награден со гранд при награда и признание за оркестарот на изворни инструменти.

– Ваквите признанија се очекувани бидејќи оркестарот кој го сочинуваат деца музичари од 7 до 12 години настапи и на фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Долнени од каде се врати со освоено прво место во категоријата гајда за Давид Илиев (осум години) и Никола Георгиев на кемане (12 години). Оркестарот доби награда и за групен настап, посочи Атанасов.

Директорот на Центарот за култура „Бели мугри“, Коце Стојменов најави дека ансамблот до крајот на годината ќе настапи на уште неколку домашни и странски фестивали. Во тек е и возобновувањето на соработката со Нова Варош, Србија и Цетиње, Црна Гора за размена и гостувања на ансамбли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top