Официјален претставник на Министерството за транспорт на Индонезија изјави дека селани во источниот дел на Папуа, пријавиле дека пронашле остатоци од срушениот патнички авион кој носеше 54 луѓе, а претходно денеска беше пријавен за исчезнат.
„Авионот е пронајден. Според жителите авионот се урнал во планините. Верификација се уште е во процес”, вели директорот на воздушниот транспорт при Министерството за транспорт на Индонезија. Властите претходно соопштија дека изгубиле контакт со патнички авион кој припаѓал на локалниот авиопревозник Тригана.
Службите изгубиле контакт со авионот набргу по неговото полетување од главниот град на Папуа. Во авионот имало 44 возрасни патници, пет деца и бебиња, и пет членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска