Најдобриот македонски автомобилист и европски шампион на ридски патеки, Игор Стефановски-Иџе е пред промоција на „старо-нов“ европски шампион откако викендов победи на патеката во Швајцарија. Тој десетата трка во овогодинешниот европски шампионат ја помина со време од 4:41.814 минути, односно скоро десет секунди од второпласираниот Лос кој имаше време од 4:51.597 минута. Во Швајцарија беше предвидено да се возат три етапи, но поради лошото време третата трка беше откажана.
Со денешната победа Иџе на своето конто додаде нови 25 бода и досега собра точно 200 поени во генералниот пласна и има огромна предност од 34 бода пред второтпласираниот Војачек кој има 166 бода, додека третопласиран со 161 бод во генералниот пласман е Мали.
До крајот на шампионатот остануваат уште две трки, а на Иџе му е доволно само пласман на едно второ место за да ја одбрани титулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.