Шпанскиот моторциклист Хорхе Лоренцо славеше на денешната трка во рамките од МотоГП шампионатот што се возеше на патеката Брно за големата награда на Чешка.
Тој беше супериорен целиот викенд и по освената пол-позиција вчера, не дозволи никакво изненадување на денешната трка оставајќи ги зад себе главните конкуренти за највисок пласман. Марк Маркез, кој триумфираше на последните две трки, овојпат мораше да се задоволи само со втората позиција, додека Валентино Роси со денешното трето место ја загуби лидерската позиција во генералниот пласман.
Лоренцо и Роси имаат по 211 освоени бода сезонава, но Шпанецот е во предност во однос на „докторот“ Роси поради фактот дека има славено на пет трки, наспроти трите овосезонски победи на Италијанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.