Атуелниот претседател на ФИФА во оставка, Сеп Блатер, изјави за холандските медиуми дека првиот човек на УЕФА, Французинот Мишел Платини пред последниот Конгрес на Светската фудбалска федерација во мај му се заканувал со затвор доколку не се повлече од трката за нов мандат.
Платини заканата наводно му ја кажал на братот на Блатер само неколку часа пред гласањето на конгресот во мај. Сеп Блатер на тој Конгрес ја доби довербата од делегатите, но по само четири дена поднесе оставка од функцијата поради притисокот поради апсењето на десет водечки лица на ФИФА обвинети за корупција.
– За време на ручекот пред гласањето, Платини седна на масата на мојот брат и му рекол ’Кажи му на Сеп да ја повлече кандидатурата или ќе оди во затвор – вели Блатер во интервју за холандски „Волскрант“.
Како што е познато, Мишел Платини сега и официјално е кандидат за нов претседател на ФИФА. Новиот Конгрес ќе се одржи во февруари следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.