Билансот на загинати во кинескиот пристанишен град Тјенцин во експлозиите што се случија во средата, се зголеми на 112 лица, откако на местото на несреќата се пронајдени телата на уште загинати, јави денеска Синхуа.
Судбината на 95 луѓе е се уште непозната.
Во несреќата се повредени 750 лица.
Нови експлозии и пожари го потресоа вчера Тјенцин, но спасувачите пронајдоа и еден преживеан, кој е извлечен од изгореното складиште, три дена по експлозијата.
Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско одржа денеска молитва за жртвите во несреќата во Тјенцин.
– Се молам за сите оние кои ги загубија животите, како и за сите погодени од оваа катастрофа – рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.