Ел Нињо се јавува на секои две до седум години. За неговата појава битни се промените во температурата на морето во источен Пацифик.
Површинските температури во океанот во близина на Перу во моментот се 1,9 степени Целзиусови над просекот, а во пораст се веќе неколку месеци.
Сега се повисоки отколку што биле во овој период во 1997 година, кога е регистиран досега најсилниот и најсмртоносен Ел Нињо.
Во катастрофите кои ги предизвика Ел Нињо од пред 18 години животот го загубија 23.000 луѓе, а забележана е и штета од 45 милијарди долари.
Ел Нињо во северна Европа обично носи зими постудени отколку што е вообичаено.
Експертите за исклучително студените зими во Британија во 2009 и 2010, какви што не се забележани со децении, го обвинуваат исклучиво овој климатски феномен.
Во Центарот за климатски прогнози на Американската метеролошка служба предвидуваат дека врвот на Ел Нињо ќе настапи подоцна оваа есен или во почетокот на зимата, но неговите последици се чувствуваат и сега.
Експертите го обвинуваат Ел Нињо за поплавите во Чиле, големите суши во Индонезија, на Филипините и во Австралија, а го поврзуваат и со ниското ниво на водата во Панамскиот канал, што исклучително го отежнува поминувањето на бродовите.
Како што се предвидува, делувањето на Ел Нињо врз климата во светот ќе се почувстува до раната пролет 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



