| четврток, 6 декември 2018 |

Француска тинејџерка родена со ХИВ со години без симптоми

Осумнаесетгодишната девојка е една од малата група деца кои се опоравени од вирусот, барем привремено, откако во раната фаза се подложени на т.н. антиретровирален третман (АРТ) кој има за цел да го спречи вирусот во градење трајни „резервоари“ кои можат повторно да покренат инфекција

Французинка тинејџерка која е родена со ХИВ вирусот и лекувана до нејзини шест години, не покажа симптоми ниту 12 години откако престана да зема лекови, што е прв случај на долгорочно опоравување на дете заразено од раѓање со вирус кој предизвикува СИДА, соопштија денес научниците.

hiv-sida_20141129181558

Осумнаесетгодишната девојка е една од малата група деца кои се опоравени од вирусот, барем привремено, откако во раната фаза се подложени на т.н. антиретровирален третман (АРТ) кој има за цел да го спречи вирусот во градење трајни „резервоари“ кои можат повторно да покренат инфекција.

Случајот на француската тинејџерка се смета за најдолго досега забележано опоравување кај дете родено со ХИВ. Можеби ова девојче има некоја форма на природен имунитет на ХИВ кој се уште не е откриен, но нејзиниот случај дава надеж дека раното и агресивно лечење може да ја ограничи силата на ширење вирус, а во ретки случаи можеби и да овозможи заболените да го контролираат без доживотни лекови.

Пред една година забележан е случај, станува збор за бебе од Мисисипи која на 27 месеци не покажа симптоми на ХИВ, а не била подложена на никакви лекувања, но вирусот повторно се појавил.

Случајот со французската тинејџерка денес е опишан на Меѓународната конференција на Здружението за борба против сидата во Ванкувер, а го претсави лекарот Азија -Саез-Сирон од Институтот Пастер во Париз.

– Овој случај покажува дека опоравувањето е возможно, но ретко. Мораме да откриеме за каков механизам станува збор за да можеме да ја лечиме пошироката популација, рече тој.

Поголем број идни мајки заразени со ХИВ во САД добиваат лекови против СИДА во текот на бременоста, што многу ги намалува шансите да го пренесат вирусот на нивните бебиња, додека мајката на француската тинејџерка не го држела својот вирус под контрола во текот на бременоста, па лекарите сметаат дека ќерката е заразена пред или во текот на раѓањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top