Вчера попладне околу 18,45 часот во автолакерската работилница „Дено“ на регионалниот пат Гостивар-с.Дебреше, М.Д.(61) пристигнал со возило започнал и вербална расправија со Д.С.(30), по што откако го удрил во пределот на десната слепочница, извадил пиштол и со рачката од истиот го удрил во пределот на главата.
Потоа извадил и и мал патент нож и во тој момент И.С.(19) вработен во работилницата се обидел да му го одземе ножот, при што М.Н. му нанел расекотина на десната рака по што го напуштил местото на настанот.
Со истиот е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


