Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе ги посети општините Петровец и Илинден.
Во Петровец, премиерот Груевски, како што соопшти владината прес-служба, ќе присуствува на поставување камен темелник на детска градинка и ќе направи увид на изградбата на канализациската мрежа во индустриската зона Ќојлија.
Според агендата, во Илинден ќе присуствува на пуштање во употреба канализациски систем и пречистителна станица во населеното место Кадино, а ќе направи увид и на градежните активности за изградба на нов објект за амбуланта во населеното место Миладиновци и реконструкција на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


