| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски се сретна со делегација од ОАЕ и со Мајк Зафировски

Премиерот Никола Груевски вчера се сретна со бизнис делегација од Обединетите Арапски Емирати. Средбата, информираат од Владината прес-служба, се одржува по скорешната посета на Груевски на Обединетите Арапски Емирати каде оствари средба со престолонаследникот Шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан.

Во тие разговори беше ставен посебен акцент на интересот за продолжување на економската соработка, зголемување на надворешно трговската размена и соработката на полето на инвестициите, при што беше договорено дека ќе се испрати бизнис делегација која треба да ги утврди бизнис можностите и поволностите кои ги нуди Република Македонија.

– Бизнис делегацијата од Обединетите Арапски Емирати пристигна вчера со цел продолжување на дијалогот и разгледување на можностите за продлабочена соработка. Делегацијата ќе престојува во државата два дена при што нивниот интерес се повеќе проекти и можности за соработка во делот на туризмот, енергетиката, земјоделството, инфраструктурата и повеќе други области, велат од Владината прес-служба.

Прмиерот Груевски, додаваат, во текот на денешниот ден оствари средба и со стопанственикот и менаџер Мајк Зафировски, еден од основачите на организацијата Македонија 2025. На средбата се разговараше за теми од економијата, инвестициите и поддршка и јакнење на капацитетите во образованието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top