Вчера наутро околу 07,15 часот во с.Селце-тетовско настанала вербална расправија помеѓу Ј.К.(38) и Р.А.(36), кој со багер извршувал градежни работи, а бил ангажиран од страна на Б.И.(40).
Во еден момент Ј.К. фрлил чекан кон Р.А. кој бил на багерот и го погодил со што му нанел повреди во пределот на телото, по што дошол и Б.И. за да ги раздели, а Р.А. извадил пиштол и испукал еден истрел во непознат правец. По кратко време пристигнале и браќата на Ј.К. и го напуштле напуштиле местото на настанот.
Р.А. е пренесен во Клиничката Болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Со истиот како и со останатите лица извршен е разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


