В недела се игра големото дерби во Премиер лигата меѓу актиелнот шампион и вицешампион на Англија, Челси и Манчестер Сити.
„Граѓаните“ одлично го отворија шампионатот со победа на гостински терен кај ВБА со 3-0, а Челси киксна на свој терен против Свонси одигрувајќи само 2-2.
Капитенот на Сити Белгиецот Винсент Компани знае дека Челси е фантастичен состав кој и покрај тоа што во нападот ги има можеби најдобрите напаѓачи во светот, Диего Коста и Радамел Фалкао, мисли дека најголемата опасност кон голот на неговиот тим доаѓа од сонародникот Еден Азар.
Азар дефинитивно е играчот од кого „граѓаните“ најмногу стравуваат, па така Компани на шега посака неговиот репрезентативен колега од Белгија да фати вирус во пресрет на неделното дерби.
– Како да се запре Азар? Никако, најдобро е да го фати стомачен вирус и да не игра, тогаш сигурно ќе биде запрен. Секако дека се шегувам, му посакувам се најдобро на мојот добар пријател, кој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Некои луѓе го критикуваа неговиот настап во првото полувреме против Свонси, но го гледавте вториот дел, кога само тој се обидуваше да стори нешто повеќе. Силата на Азар е што тој оди директно на двајца или тројца противници, без никаков страв. Така, колку и да ви е организирана одбраната, тој е способен да направи хаос, затоа ќе мораме да обрнеме големо внимание на него на претстојниот меч – изјави Винсент Компани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.