| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата најниска во последните шест и пол години

 нафта2

Американската сирова нафта паднала на 41,35 долари по барел, што е најниска цена од почетокот на 2009 година кога светската економија беше погодена од финансиската криза и рецесијата. Цената на нафтата и понатаму паѓа, а на 10 јуни чинела 61,43 долари.

Главната причина за паѓањето на цената на нафтата е зголемувањето на производството во САД и во Канада, како и очекувањата дека иранската нафта наскоро ќе се врати на пазарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top