| четврток, 6 декември 2018 |

Невозможни барања во Конкурсот за вработување за веслачи на сплавовите на Вардар во Скопје

 

Министерството за Локална Управа и Развој во последниот број на месечникот  „Глас на Пелагонија“ објавило конкурс за вработување на 180 веслачи и веслачки за проектот „Сплавови на Вардар“.

Според објавените критериуми во конкурсот кој го објавува новинарската агенција DONA а део кој екслузивно дојде и  „Република“ , заинтересираните за оваа тешка професија теба да ги исполнат следниве тешки услови:

veslaci mala

1. Да се во добра психичка и физичка кондиција

2. Да имаат исполнето „Б“ олимписка норма

3. Да поседуваат „Ц“ возачка дозвола. Предност ќе имаат кандидатите кои  имаат искуство во пловење на реки, езера или широки морски или океански пространства

4. Да имаат завршено курс за спасување на вода во услови на високи бранови и вртлог

5. Да бидат минимум 183 сантиметри високи и максимум 83 килограми тешки ( за машките кандидати)

6. Да бидат минимум 173 сантиметри високи и максимум 73 килограми тешки ( за женските  кандидати)

7. Машките кандидати не смеат да имаат нозе подолги од 120 сантиметри од колкот до табаните (поради оддалеченоста на позициите за веслање на сплавовите)

8. За женските кандидати нема лимит за должина на нозете при што се остава можност тие со подолги нозе да бидат распоредени на други работно место во сплавот.

9 Кандидатите треба да бидат позитивни, комуниктивни и да немаат проблем со работа во смени  со оглед на тоа што веслачите ќе работат и трета смена доколку за тоа има потреба.

10. При изборот на кандидатите ќе се почитува делот од рамковниот договор според кој покрај Македонците за вакви специфични работни места мора да се направи простор и за Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Грци, Бугари, Египќани, Ашкалии, Црногорци, Словенци и други нации од сите вери на светот

veslaci vardar

Финалниот избор за кандидатите кои ќе заработуваат по минимум 1000 евра месечно ќе го врши специјална комисија од Македонски олимпијци, и претставници на Охридската Капетанија.

Мерењето на должината на нозете кај кандидатите и кандидатките  ќе го спроведе Штипскиот  центар за ортопедија.

Ова е прв конкурс за вработување во администрацијата каде не се наведува дека  „геј“ кандиатите  ќе бидат одбиени по автоматизам.

Од Сојузот на Асоцијациите на здружените Синдикати на Македонија не сакаат да го коментираат конкурсот пред истиот да биде внимателно разгледан затоа што велат дека постои сериозна можнот во него да има одредби кои што прават диксриминација по неколку основи.

 

Сите права воздрржани - Денеска е Први Април ден на Шегата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top