| четврток, 6 декември 2018 |

ИД преку радио објави дека египетскиот клон на групата го уби Салопек

Во радио пренос за активностите на Блискиот Исток, терористичката група „Исламска држава“, соопшти дека нејзиниот египетски клон го убил хрватскиот заложник.

salopek-S1_892146S1

Министерството за надворешни работи на Египет изјави дека силите за безбедност се уште немаат потврдена информација за обезглавувањето.

Снимката објавена на Твитер од поддржувачи на групата „Провинција Синај“ покажува отсечена глава на човек, поставена врз неговото тело со црно знаме на ИД во позадина.

До фотографијата беа поставени снимки од статии на арапски јазик со наслови како, „Хрватска ја потврдува поддршката за Египет во напорите за борба против тероризмот и екстремизмот“ и „Хрватска ја потврдува поддршката за Курдистан“.

Во денешна радио емисија за активностите на Блискиот Исток ИД објави дека во провинцијата Синај војници на калифатот убиле хрватски заробеник, чија земја учествува во војната против ИД, откако истекол крајниот рок.

Минатата недела на Интернет беше објавено видео на кое човек, кој е идентификуван како хрватски државјанин Томислав Салопек, како изјавува дека групата ќе го убие во рок од 48 часа ако не бидат ослободени муслиманките во египетските затвори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top