| четврток, 6 декември 2018 |

Гаснењето на пожарот во Тјенцин со вода предизвикало моќна експлозија

екс

Во регионот на експлозиите на индустрискиот магацин во Тјенцин и во целата зона, во која се работи на ликвидирање на последиците е констатирано  присуство на цинајид и на други опасни високотоксични хемикалии, соопшти денеска кинеското Министерство за заштита на животната средина.

Според податоци на Министерството во еден од вентилите на системот за дренажа во зоната на експлозиите присуството на цинајид ја надминувало нормалата за осум пати.

Во Тјенцин успешно се распоредени 22 станици за набљудување на жиотната средина. Пет од нив го проверуваат и квалитетот на водата. Во регионот на ликвидирањето на последиците од двете моќни експлозии ноќта спротив четвртокот работат 214 војници од кинеската армија, специјализирани за радијацијам хемиска и биолошка заштита.

Висок кинески функционер ги заштити денеска активностите на пожарникарите, кои први пристигнале на местото на експлозиите и се обиделе да го изгаснат пожарот со водени топови. Тоа подоцна се покажало како погрешен чекор, кој веројатно придонел за проширувањето на пожарот.

Во складот за опасни и токсични хемикалии за време на експлозијата имало амониум нитрат, калиум нитрат и калциум карбид, тврди полицијата.

Експертите за хемиска заштита велат дека калциум карбидот реагира на водата и се добива ацетилен, високо експлозивен гас. Имено тоа би можело да биде причината за експплозијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top