Жителите на јужна Франција, посебно на нејзиниот југоисточен дел, се вознемирени поради појавата на тигрестиот комарец, познат под латинско име Аedes Аlbopictus, затоа што тој предизвикува две познати болести на тропски трески – денга и шикунгуја, но според францускиот Висок совет за јавно здравје, комарецот пренесува и еден друг загрижувачки вирус – зика.
Како што јави дописникот на МИА, пренесувајќи го пишувањето на весникот „Депеш ди миди“, вирусот зика може да предизвика висока температура, болки на мускулите, кожени реакции и невролошки компликации.
Засега нема ниту лек, ниту вакцина за оваа многу малку позната инфекција.
Во најтешките случаи на инфекција, погодени се и мускулите на грлото, кои помагаат при голтањето и дишењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



