– Тогаш не беа побарани пари, а ослободувањето на муслимански жени од египетските затвори беше лош знак, бидејќи околу 99 проценти од затвореничките во Египет се муслиманки, а киднаперите не прецизираа за кого точно бараат да биде ослободен – истакна Пусиќ.
Заклучокот беше дека нема конкретни барања и дека станува збор за две различни организации, една која го заробила и друга, која се идентификува како клон на ИД.
Ако егзекутирањето на Салопек биде потврдено, тоа ќе биде прво убиство на странски заложник во Египет, чија влада се бори за создавање имиџ на стабилност и зајакнување на економијата, по неколку години на немири.
Властите се уште не ја потврдуваат смрта на Салопек и продолжуваат со потрагата по заложникот и неговите киднапери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



