– Оваа година ќе извршиме замена на старите со нови учебници. За таа цел ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното образование и од прва до четврта година за средно образование. Во тој дел исклучок се само учебниците по математика и природни науки во седмо, осмо и деветто одделение кои согласно Акцискиот план за воведување на Кембриџ образовниот систем ќе бидат воведени во септември 2016 година- нагласи премиерот.
Тој посочи дека лани биле заменети учебниците по Кембриџ системот за математика и природни науки за прво, второ и трето одделение, годинава ќе бидат заменети за четврто, петто и шесто одделение, а догодина за седмо, осмо и деветто. Поради тоа, како што кажа, нелогично е годинава да се печатат нови учебници по математика и природни науки по старата наставна програма и оти тоа ќе се направи догодина.
Најави дека нови учебници по Кембриџ системот ќе има и за средно образование, а како што кажа ќе има можност и други предмети да се учат по Кембриџ системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија