| четврток, 6 декември 2018 |

Преку проектот „Македонија вработува“ досега се ангажирани 4.535 лица

Вкупно 4.535 лица се вработени преку проектот „Македонија вработува“ за три и пол месеци, изјави министерот за труд и за социјална политика Диме Спасов при денешната посета на приватната компанија „Дока текстил“ од Валандово која ги има искористено поволностите од проектот.

makedonija-vrabotuva

 

Спасов оцени дека компанијата е успешен и позитивен пример на македонска компанија, која изминатите години ги користи поволностите што се нудат преку мерките за вработување. ­

– Оваа компанија со годините сè повеќе и повеќе се развива и го зголемува бројот на вработувања. Околу 10 проценти од вработените се преку мерките за вработување што ги нуди Министерството за труд и за социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, односно околу 40 лица се вработени само преку „Македонија вработува“, што е уште еден показател за успешноста на мерките. Ги повикувам сите приватни компании да го следат овој пример, да помогнат во развојот на нашата држава преку напредокот на нивните компании и создавањето и отворањето нови работни места – рече Спасов.

Сопственикот на „Дока текстил”, Тони Пандев изрази задоволство од проектот „Македонија вработува” оценувајќи го како позитивен и за компаниите и за невработените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top