Македонската пејачка на народна музика Уснија Реџепова, која со години живее и работи во Србија, е во исклучително лоша состојба и е во една белградска болница, објавија српските медиуми. Реџепова повеќе од две години се бори со ракот на белите дробови.
Пејачката кон крајот на јули требало да оди во Србија на контрола, но се откажала поради долгиот пат. Таа има вградено три стента, а поради лошето здравје не можела да се грижи за себе, поради што и заминала за Скопје. Уснија еден месец престојувала кај братот и снаата во Скопје, а бидејќи не можела да биде хоспитализирана во Македонија, бидејќи не е наш здравствен осигуреник, во вторникот е хоспитализирана во една белградска болница.
Македонската пејачка Есма Реџепова, открива дека, откако дознала дека нејзината другарка и колешка Уснија Реџепова има рак на белите дробови на сите начини се обидува да ѝ помогне да ја победи болеста, пишува српски „Курир“. Есма на својата пријателка се обидува да ѝ обезбеди терапии во Германија, кај најдобриот лекар, и се надева дека набрзо ќе тргне на тој пат.
Есма рекла дека Уснија изгледа лошо, a имајќи предвид дека тие две се многу блиски, Есма не може да се помири со тоа да ја гледа пријателката беспомошна, па работата ја преземала во своите раце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




