| четврток, 6 декември 2018 |

Како на филм: Сакале да им ги отсечат главите, британски снајперист ги спасил

Снајперист на британските специјални сили застрелал припадник на ИД додека се подготвувал да им ги отсече главите на еден маж и неговиот син. Го застрелал со прецизен погодок во главата на далечина од илјада метри, пишуваат странските медиуми.

sniper

Откако ги спасил престрашениот осумгодишник и неговиот татко, снајперистот погодил уште двајца милитанти кои го осигурувале местото на егзекуција. Три убиства со три куршуми. Драматично филмско спасување на татко и син се случило минатиот месец во близина на границата меѓу Сирија и Турција, пишуваат британски медиуми.

Го присилувале локалното население да гледа

ИД ги прогласиле таткото и синот за неверници бидејќи се шиити. Специјалците кои стигнале на местото за извршување на „пресудата“ во сириската пустина, сведочеле на ужасна глетка – обезглавени крвави тела лежеле насекаде.

Според тврдењата на медиумите, на дивјачките егзекуции присилно присуствувало локалното население.

-Војниците низ двоглед виделе дека многумина во толпата плачат и дека се престрашени – изјавил еден извор за новинарите.

Пребегале во Турција?

Мажот и неговиот син се доведени со превез на очите. Ги натерале да клекнат.

– Висок маж извлече голем нож. Нешто и кажуваше на толпата и ги удираше мажот и сонот по глава. Покрај егзекуторот стоеја двајца припадници на ИД со калашникови – раскажуваат сведоците.

Британскиот снајперист прво го застрелал егзекуторот, а потоа другите двајца.

-Некој дотрча до таткото и синот и им го тргна превезот од очите. Тие прво со неверување гледаа во своите тела, а потоа почнаа да бегаат. Последен пат се видени во камион кој одел накај турската граница –  велат извори.

Припадниците на ИД  послеовој настан одбиваат да се вратат на ова место.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top