| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Среќен сум во ПСЖ, играм со одлични фудбалери

Шведскиот репрезентативец во редовите на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ по се изгледа ги реши дилемите каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој дефинитивно е еден од играчите кои се во центарот на вниманието во летниот преоден рок. ој секојдневно е поврзуван со нов клуб, а после интересот од Милан и Галатасарај, Швеѓанецот одговори на ваквите шпакулации.

– Ниту Милан, ниту Галатасарај. Среќен сум тука. Се уште сум под договор со ПСЖ, и клубот има големи амбиции. Играм со одлични фудбалери, и правам се да бидам најдобар. Уживам во овој тим – изјави Златан Ибрахимовиќ.

Со оваа изјава фантастичниот напаѓач веројатно стави крај на сите шпекулации за неговата иднина, и „росонерите“ ќе мора да побараат друга алтернатива. Иако, знаејќи го Галијани и неговата остроумност, се е можно до крајот на трансфер периодот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top