Грчката полиција на фудбалски стадион на островот Кос повеќе од 24 часа држи затворени над илјада имигранти, од кои десетици доживеале напади на паника, објави лондонскиот весник „Индепендент“.
Весникот наведува дека околу 1.000 мажи, жени и деца, кои со бродови од Турција пристигнале на осторовот, се држат затворени на стадионот без храна и вода, додавајќи дека состојбата алармантно се влошува.
Претставник на органзиацијата „Лекари без граници“ соопшти дека најмалку 28 од затворените имигранти на стадионот доживеале напади на паника, откако грчката полиција врз нив фрлила шок бомби со заслепувачки светлосни ефекти и заглушувачки експлозии.
– Околу 20 имигранти паднале во несвест поради прегладентост, дехидрираност и премор, на темпертаура од 33 Целзиусови степени – тврди „Индепендент“.
Според весникот, стотина имигранти се обиделе да го прескокнат ѕидот на стадионот, при што еден од нив паднал и ја повредил ногата.
– Тоа што во моментов се случува претставува целосна диспрпорција меѓу определбата за безбедност на овие луѓе и недостигот на хуманитарна помош која им е неопходна. Има само два тоалети, нема вода… Состојбата е навистина драматична – изјави Вангелис Органудакис од организацијата „Лекари без граници“.
Организаицјата соопшти дека грчки полициајци претепале најмалку шестмина имигранти.
Пред да бидат затворени на стадионот, имигрантите со денови „кампуваа“ долж патиштата и на плажите на Кос, наведува „Индепендент“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)