| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Мери Але­ксанд­ро­ва: До­маш­ни­те, ма­ли ба­зе­ни се нај­го­ле­ми­от из­вор на за­ра­за и при­чи­на за вос­па­ле­ние на уво­то

Се ве­ру­ва де­ка бол­ка­та во уво­то, по за­бо­бол­ка­та, е нај­сил­на­та бол­ка кај чо­ве­кот. Лет­но вре­ме мно­гу че­сто се слу­чу­ва вос­па­ле­ние на над­во­реш­но­то уво. За нај­че­сти­те бо­ле­сти на уво­то, но­сот и гр­ло­то раз­го­ва­рав­ме со при­ма­ри­ус д-р Ме­ри Мер­зу­ка Але­ксан­дро­ва од при­ват­на­та спе­ци­ја­ли­стич­ка ор­ди­на­ци­ја за уво, нос и гр­ло

Лет­ни­те од­мо­ри се во тек и мно­гу че­сто се слу­чу­ва вос­па­лу­ва­ње на над­во­реш­но­то уво. Да­ли са­мо ка­пе­ње­то во не­чи­ста во­да е при­чи­на за вос­па­ле­ни­е­то?

АЛЕ­КСАНД­РО­ВА: Во ле­то, нај­че­сто е вос­па­ле­ни­е­то на над­во­реш­ни­от слу­шен ка­нал, а во зим­ски­от пер­и­од вос­па­ле­ни­е­то на сред­но­то уво. Тоа е под вли­ја­ние на вре­мен­ски­те ус­ло­ви и окол­на­та ат­мо­сфе­ра. Во уво­то има жлез­ди кои ла­чат уш­на маст, поз­на­та уште ка­ко це­ру­мен. Таа уш­на маст е нор­мал­на во уво­то, за да го под­мач­ку­ва уш­ни­от ка­нал. Ако се ла­чи нор­мал­но, со џва­ка­ње и со гол­та­ње, се истис­ну­ва над­вор и не­ма проб­лем. Ме­ѓу­тоа, има па­ци­ен­ти ка­де што таа маст се ла­чи во по­го­ле­ми ко­ли­чи­ни. Тој це­ру­мен по­сте­пе­но го за­тво­ра ре­чи­си це­ли­от ушен ка­нал. Лу­ѓе­то поч­ну­ва­ат сѐ по­мал­ку да слу­ша­ат, но не му при­да­ва­ат го­ле­мо зна­че­ње на тој факт. Но, по из­вес­но вре­ме, ко­га ќе вле­зат во во­да, це­ру­ме­нот на­ба­бру­ва и це­лос­но го за­тво­ра уш­ни­от ка­нал. Во таа си­ту­а­ци­ја па­ци­ен­тот пре­ста­ну­ва да слу­ша. Со ед­но миење на уши­те мо­же да се сре­ди си­ту­а­ци­ја­та, но па­ци­ен­тот пр­во по­сег­ну­ва по чеп­кал­ки­те за уши, што е со­се­ма по­греш­но.

Зо­што ле­ка­ри­те пре­по­ра­чу­ва­ат да се из­бег­ну­ва чи­сте­ње на уво­то со стап­чи­ња кои мо­жат да се ку­пат во се­ко­ја ап­те­ка? Ка­ко е нај­до­бро да се ис­чи­стат уши­те?

АЛЕ­КСАНД­РО­ВА: Чеп­кал­ки­те си ја има­ат сво­ја­та функ­ци­ја ако се ко­ри­стат ра­ци­о­нал­но и раз­ум­но, онол­ку кол­ку што тре­ба, не се­којд­нев­но. Јас не сум од оние ле­ка­ри кои ра­ди­кал­но за­бра­ну­ва­ат упо­тре­ба на чеп­кал­ки за уши. Ако се ко­ри­стат се­којд­нев­но, от­стра­ну­вај­ќи го за­штит­ни­от слој на над­во­реш­ни­от слу­шен ка­нал, од це­ру­ме­нот се пра­ват сит­ни ра­га­дич­ки и ту­ка мно­гу лес­но се вгнез­ду­ва ба­кте­ри­ска ин­фек­ци­ја и та­ка поч­ну­ва да се раз­ви­ва про­це­сот. Што е вос­па­ле­ние на над­во­реш­ни­от слу­шен ка­нал? Ин­фек­ци­ја­та на уш­ни­от ка­нал е нај­че­сто од ба­кте­ри­ска при­ро­да. Нај­че­сто тоа се стреп­то­кок­ни­те ба­кте­рии, но не се иск­лу­че­ни и га­бич­ни­те ин­фек­ции кои се јавуваат за­ра­ди по­долгиот пре­стој во во­да. Ова ле­то, пра­веј­ќи бри­со­ви, за­бе­ле­жав ед­на ба­кте­ри­ја ко­ја мо­же да би­де мно­гу опас­на – псев­до­мо­нас ае­ру­ги­но­за. При­сус­тво­то на таа ба­кте­ри­ја мо­же да го од­не­се па­ци­ен­тот и до опе­ра­ци­ја. За­тоа е до­бро да се по­се­ти ле­кар, да се из­мие уво­то, да се зе­ме брис и бла­го­вре­ме­но да се сре­ди вос­па­ле­ни­е­то на уво­то. Ако из­ми­ва­ње­то на уво­то се на­пра­ви не­струч­но, то­гаш мо­же да дој­де и до оште­ту­ва­ње на уш­но­то та­пан­че и да се на­пра­ви уште по­го­ле­ма ште­та.

dr meri 5 (Custom)

Ако из­ми­ва­ње­то на уво­то се на­пра­ви не­струч­но, то­гаш мо­же да дој­де и до оште­ту­ва­ње на уш­но­то та­пан­че и да се на­пра­ви уште по­го­ле­ма ште­та

 

Се ве­ру­ва де­ка по бол­ка­та во за­бот, бол­ка­та во уво­то е нај­сил­на­та бол­ка кај чо­ве­кот. Ка­ко нај­до­бро и нај­без­бед­но се ле­ку­ва вос­па­ле­ни­е­то на уво кај де­ца­та и ко­ја е при­чи­на­та по­ра­ди ко­ја се ја­ву­ва?

АЛЕ­КСАНД­РО­ВА: Нај­до­бро е при по­ја­ва на пр­ви­те симп­то­ми да се по­се­ти ле­кар за уво, нос и гр­ло. Во таа по­чет­на фа­за, ка­на­лот не е мно­гу оте­чен и пра­веј­ќи ла­ва­жа мо­же да ги ели­ми­ни­ра­ме и да ги из­ва­ди­ме ба­кте­ри­и­те. Ако доз­во­ли­ме тие да се раз­ви­ва­ат неколку дена, поч­ну­ва го­лем оток на ка­на­лот. Ко­га уво­то уба­во ќе се из­мие и ко­га ќе се стават га­зи на­то­пе­ни во со­од­вет­ни ле­ко­ви – ане­сте­ти­ци, ан­ти­би­о­ти­ци, анал­ге­ти­ци, бол­ка­та по­сте­пе­но се на­ма­лу­ва. Опас­но е ако има­ме га­бич­на ин­фек­ци­ја во уво­то, за­тоа што тие ин­фек­ции мно­гу че­сто го оште­ту­ва­ат слуш­но­то та­пан­че.

Во ле­то акту­ел­ни се и ба­зе­ни­те. Да­ли се тие при­чи­на за по­ја­ва на вос­па­ле­ние на уво­то?

АЛЕ­КСАНД­РО­ВА: Ба­зе­ни­те се нај­го­ле­ми­от из­вор на за­ра­за и при­чи­на за по­ја­ва на вос­па­ле­ние на над­во­реш­ни­от слу­шен ка­нал. Осо­бе­на опас­ност од ин­фек­ции но­сат ма­ли­те двор­ски ба­зен­чи­ња кои се ра­дост за де­ца­та, но истовремено и из­вор на ба­кте­рии, ако во­да­та во нив не се ме­ну­ва се­којд­нев­но. Ни­ту мор­ска­та, ни­ту езер­ска­та во­да ка­ко и во­да­та во го­ле­ми­те ба­зе­ни не мо­же да би­де толку штетна за уво­то, ка­ко што мо­же да би­де водата од ма­ли­те ба­зе­ни во дво­ро­ви­те. За­тоа, пре­вен­тив­но, во­да­та мо­ра се­кој ден да се ме­ну­ва. Ако ве­ќе се ба­ња­те во ба­зе­нот, не нур­кај­те и не то­пе­те ги уши­те.

Кои фа­кто­ри вли­ја­ат на вос­па­ле­ние на си­ну­си­те?

АЛЕ­КСАНД­РО­ВА: Си­ну­си­тот е бо­лест ко­ја по­ве­ќе се ја­ву­ва во зим­ски­от пер­и­од. Но, сѐ по­ве­ќе и во лет­ни­от пер­и­од на­ста­ну­ва­ат вос­па­ли­тел­ни проб­ле­ми на си­ну­си­те. Лу­ѓе­то сѐ по­дол­го вре­ме пре­сто­ју­ва­ат на мо­ре, дол­го нур­ка­ат, на еден на­чин ги „плак­нат“ си­ну­си­те, но ние не зна­е­ме кол­ку е чи­ста таа во­да. Мно­гу по­а­гре­сив­на е симп­то­ма­то­ло­ги­ја­та на си­ну­си­тот по­ја­вен во ле­то, откол­ку во зи­ма. Пр­ви­от симп­том е гла­во­бол­ка­та, ко­ја се по­ја­ву­ва во утрин­ски­те ча­со­ви. Ко­га има вос­па­ле­ние на ма­кси­лар­ни­те си­ну­си исто та­ка има гла­во­бол­ка, но во по­ма­ла ме­ра. Ту­ка симп­то­ма­то­ло­ги­ја­та е пос­пе­ци­фич­на – поч­ну­ва со зат­ну­ва­ње на но­сот, по­тоа ди­ше­ње­то е мал­ку отеж­на­то, но не обр­ну­ва­ме вни­ма­ние. По два-три де­на поч­ну­ва да те­че но­сот. Се­кре­тот кој исте­ку­ва ста­ну­ва жол­то­зе­лен, што зна­чи де­ка има го­ле­ма ко­ли­чи­на на ба­кте­рии. Тие вле­гу­ва­ат во си­ну­сот, но­сот не мо­же уба­во да се ис­праз­ни. За­тоа по­сто­јат со­од­вет­ни трет­ма­ни кои по­ма­га­ат да се на­ма­ли бол­ка­та, да се из­дре­ни­ра но­сот, да се од­зат­не, да се да­дат со­од­вет­ни ле­карс­тва.

Да­ли си­ну­си­те се ле­ку­ва­ат и бол­ка­та мо­же за­се­ко­гаш да ис­чез­не?

АЛЕ­КСАНД­РО­ВА: Сѐ за­ви­си во ко­ја фа­за поч­на­ла да се ле­ку­ва бо­ле­ста. Ако поч­не да се ле­ку­ва во по­чет­ни­те ста­ди­у­ми, до­а­ѓа до це­лос­но ле­ку­ва­ње. Но, ако си­ну­си­тот хро­ни­фи­ци­ра, ако во си­ну­си­те по­сто­ја­но има не­ко­ја ин­фек­ци­ја ко­ја тлее, ко­ја на­пра­ви­ла ци­стич­на фор­ма­ци­ја, то­гаш ле­ку­ва­ње­то и гла­во­бол­ки­те оста­ну­ва­ат, по­вре­ме­но се зго­ле­му­ва­ат, па се на­ма­лу­ва­ат, ме­ѓу­тоа, за сре­ќа во де­неш­ни ус­ло­ви има со­вре­мен трет­ман на си­ну­си­тот.

md meri (Custom)

Си­ну­си­тот е бо­лест ко­ја по­ве­ќе се ја­ву­ва во зим­ски­от пер­и­од

 

Кои се нај­че­сти­те пре­диз­ви­ку­ва­чи на вос­па­ле­ни­ја кај крај­ни­ци­те?

АЛЕ­КСАНД­РО­ВА: Крај­ни­ци­те, ка­ко лим­фа­тич­но тки­во, на не­кој на­чин не се са­мо при­чи­ни­те­ли за бо­лест, ту­ку се и при­чи­на за за­шти­та на ор­га­низ­мот. Тие се лим­фо­ид­ни ор­га­ни кои во по­че­то­кот ги шти­тат де­ца­та од ин­фек­ции, но сѐ до оној мо­мент до­де­ка не на­ста­не па­то­ло­ги­ја. За­тоа сме вни­ма­тел­ни кај де­ца со лим­фа­тич­на ди­ја­те­за и кај де­ца кои се во нор­ма­лен раст и раз­вој. Ко­га во ор­ди­на­ци­ја­та ќе дој­де де­те со спе­ци­фи­чен изг­лед на ли­це­то, со по­сто­ја­но зат­нат нос, осо­бе­но на­ве­чер и ако де­те­то спие со отво­ре­на уста, ’рчи и не­мир­но спие оби­ду­вај­ќи се да нај­де по­зи­ци­ја во ко­ја крај­ни­кот нај­мал­ку ќе му го отеж­ну­ва ди­ше­ње­то, ди­јаг­но­за­та е ве­ќе по­ста­ве­на, а ќе се по­твр­ди и со уште еден апа­рат, та­ка­на­ре­чен тим­па­но­ме­тар, кој пак ќе ни да­де соз­на­ние за тоа да­ли тре­ти­от крај­ник е при­чи­на за на­ма­лу­ва­ње на слу­хот кај де­те­то. Ту­ба­та е ком­про­ми­ти­ра­на, таа не си ја одр­жу­ва сво­ја­та функ­ци­ја на вен­ти­ла­ци­ја. Ко­га се зат­ну­ва, ко­га крај­ни­кот е мно­гу го­лем и ко­га ту­ба­та е зат­на­та, та­пан­че­то по­сте­пе­но се вов­ле­ку­ва и се со­би­ра густ се­крет во сред­но­то уво кој не доз­во­лу­ва да се дви­жат ко­скич­ки­те и де­те­то поч­ну­ва по­мал­ку да слу­ша. Обич­но се тру­ди­ме да не би­де­ме ра­ди­кал­ни, ту­ку да сме кон­зер­ва­тив­ни во трет­ма­нот на крај­ни­ци­те.

Што зна­чи тер­ми­нот „трет крај­ник“ и да­ли не­го­во­то от­стра­ну­ва­ње ќе зна­чи и ре­ша­ва­ње на си­те ма­ки во вр­ска со крај­ни­ци­те?

АЛЕ­КСАНД­РО­ВА: Тре­ти­от крај­ник, би­деј­ќи се на­о­ѓа во зад­ни­от дел на на­зо­фа­рин­ксот и би­деј­ќи е лимф­но тки­во, кај де­ца­та мно­гу бр­зо се зго­ле­му­ва. Опе­ра­тив­но­то ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот со тре­ти­от крај­ник е ра­ди­кал­но ре­ше­ние. Но, за­ра­ди за­штит­на­та функ­ци­ја на крај­ни­ци­те, ние се­ко­гаш се стре­ми­ме пр­во кон кон­зер­ва­тив­но ре­ша­ва­ње, а по­тоа ко­га ќе ги ис­цр­пи­ме си­те мож­но­сти, во ин­те­рес на пра­вил­ни­от раз­вој на дет­ски­от ор­га­ни­зам при­ста­пу­ва­ме кон отстра­ну­ва­ње. За жал, по­не­ко­гаш, осо­бе­но кај де­ца­та со лим­фа­тич­на ди­ја­те­за, се слу­чу­ва по­втор­на ре­ге­не­ра­ци­ја на тон­зи­лар­но­то тки­во, та­ка што се на­ла­га опе­ра­ци­ја на тре­ти­от крај­ник и по втор­пат. Дру­ги­те крај­ни­ци се опе­ри­ра­ат ако има че­сти ин­фек­ции, ако се мно­гу го­ле­ми и го отеж­ну­ва­ат гол­та­ње­то и ис­хра­на­та кај де­ца­та, ка­ко и во си­ту­а­ции ко­га че­сто­па­ти пре­диз­ви­ку­ва­ат гној­ни ан­ги­ни и воопшто, прет­ста­ву­ва­ат преч­ка во раз­во­јот на де­ца­та.

Целото интервју може да го погледнете на следниот линк.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top