| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Франција, во пожар загинале пет деца!

Пет деца на возраст од две до десет години се угушиле синоќа, сабота спроти недела во пожар во една куќа во Франција, јави „Би-би-си“. Децати биле во куќата на нивниот татко, кој е тешко повреден. Чадот го разбудил и тој скокнал преку прозорецот да побара помош.

pozar

Еден од соседите изјавил дека таткото и тој се обиделе да влезат во куќата во која беснеел пожарот, но морале да се повлечат пред бесните јазици. Пожарникарите брзо стигнале, но и тие не можеле да влезат во куќата бидејќи огнот бил пресилен. Четири деца биле пронајдени мртви во една од собите, а петтото дете било во соседната соба под еден прозорец.

Таткото и мајката биле разведени и живееле одделно. Децата викендот го минувале кај татка си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top