Оваа ноќ ќе ви овозможи незаборавно доживување. Астрономите најавија спектакуларен метеорски дожд кој ќе трае скоро 2 недели, а оваа вечер ќе може да се забележи од сите делови на нашата планета додека паѓа на темното небо.
„Оваа година погледот ќе биде спектакуларен“ – така ја започнал својата најава, Морган Холис од Британското астрономско друштво. Глетката ќе може да се види од сите делови на планетата земја, а неа ќе имаме можност да ја доживееме благодарение на кометата Персеиди која секоја година минува близу Земјата од средината на јули до средината на август.
Оваа година тоа ќе се случува од 17 јули до 24 август.
„Дождот настанува на тој начин што делчиња од кометата се судруваат со молекулите од нашата атмосфера и произведуваат силна видлива светлина“ – објаснува Џереми Вабилон од Париското астрономско друштво.
Оваа година метеорскиот дожд ќе може да се следи ноќта помеѓу 12 и 13 август од 1 до 3.30 часот, додека земјата е во епицентарот на метеорскиот рој, односно гигантскиот облак долг повеќе од милион километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.