Метеорскиот дожд што редовно „паѓа“ на Земјата меѓу 23 јули и 20 август потекнува од кометата Свифт – Татл и според најавите на астрономите, кулминација на овој метеорски дожд ќе се случи помеѓу 12 и 13 август.
Но, неговото набљудување ќе биде отежнато од светлината на Месечината, која токму во тој период ќе се наоѓа на половина пат од полумесечина до полна месечина.
Токму затоа најдобро време за набљудување на оваа појава ќе биде периодот непосредно пред изгревањето на Сонцето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.