Истражувањето од Универзитот на Хаваите утврдило дека пливачите на одреден вид плажи би требало да бидат внимателни бидејќи се полни со бактерии.
Станува збор за песочните плажи, за многумина – омилените плажи, бидејќи песокот е многу погодно тло за развој на бактериите. Во песокот се наоѓаат дури 10 до 100 пати повеќе микроби и бактерии отколку во водата! Тоа особено се однесува на фекалните бактерии кои многу поспоро умираат во песокот отколку во водата.
Сончевата светлина инаку го успорува развојот на бактериите, но песокот ги заштитува овие микроскопски организми од сонцето, па во него можат масовно да се размножуваат, утврдила студијата.
Песокот полн со бактерии може да предизвика јадеж, дијареа и други здравствени тегоби, па затоа кога легнувате на песочна плажа внимавајте – голата кожа да ви биде што помалку во контакт со песокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тешки времиња за угостителите на плажите: МПЦ ги покачува кириите за земјата и објектите покрај плажите
-
Катаклизма на јадранските плажи-градот кршел стакла на возила, плажите затрупани како во зима!
-
Европа се смрзнува, a во Сиднеј плажите полни на 40 степни
-
Признанија за најуспешните на Светскиот ден на туризмот



