Општина Штип имаше успешна продажба на градежното земјиште за изградба на индивидуални куќи и стопански капацитети. Од понудените 13, продадени се осум парцели, информира портпаролот на општина Штип Драган Ристов.
– Согласно извештајот од спроведеното јавно наддавање, продадени се осум градежни парцели од вкупно 13, односно повеќе од половина. Шест од парцелите се за индивидуално домување. Продадени се сите и тие се лоцирани во населба Баби 6, на улица „Пиринска“ и во месноста „Леваци“ и две од продадените парцели се за деловни објекти лоцирани кај новата пошта и во кругот на „Астибо“- рече Ристов.
Вкупната цена од продажбата изнесува 6,8 милиони денари од кои 80 отсто или 5,5 милиони се приход за општина Штип, а преостанатите 20 отсто или 1,3 милиони денари се приход за државата.
Одделението за урбанизам согласно програмата, по завршување на сета процедура ќе подготви и нов оглас со понуда на дел од непродадените локации, како и нови градежни парцели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



