| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и син се степале со пожарникарите кои им го гаснеле пожарот

Ноќва, околу 01.50 часот на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје, додека З.В.(25) го стартувал автомобилот марка „бе-ем-ве“ со скопски регистерски ознаки, на само неколку метри од местото каде што бил паркиран, одеднаш се опожарил предниот дел на возилото. Од пожарот било зафатено и друго возило „ауди“со скопски регистерски ознаки, во сопственост на С.С.(41).

Од страна на пожарната бригада огнот е локализиран, а додека пожарникарите го гаснеле пожарот, З.В. и неговиот татко С.В.(49) физички нападнале двајца пожарникари. Таткото и синот се приведени, извршен е разговор и по целосно расчистување ќе следува соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top