Аргентискиот репрезентативец од редовите на ПСЖ, Езекиел Лавеци, најверојатно ова лето ќе го напушти францускиот шампион. По доаѓањето на неговиот сонародник Анхел Ди Марија во редовите на „светците“, тој е одвишок во тимот и неговото заминување е неизбежно.
Според информациите од Шпанија за него сериозно е заинтересирана Валенсија и се очекува управата на клубот до крајот на неделата да испрати официјална понуда до ПСЖ.
Меѓутоа, шпанскиот тим има сериозна конкуренција за доведување на овој фудбалер, бидејќи менаџерот на „Манчестер јунајтед“, Луис Ван Гал, посакува да го види Лавеци во своите редови.
Сепак, позитивна работа за Валенсија е дека Педро е многу блиску до префрлување на „Олд трафорд“, со што значително ќе им биде олеснета работата на „лилјаците“ за трансферот на Лавеци. Тие се интересираа за него и минатото лето, и конечно овојпат би можеле да го ангажираат поранешниот член на Наполи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.