| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата на најниско ниво од 2009 година

нафта

Цента на нафтата синоќа во Њујорк падна на најниска вредност во последниве шест години, како последица на девалвацијата на кинескиот јуан, што предизвика стравувања околу перспективите за пласманот на странски стоки на пазарот во Кина.

Американската лесна нафата пред затворањето на Берзата во Њујорк, поевтини за 1,88 долари на 43,08 долари за барел, што е нејзина најниска цена од март 2009 година.

Ваквиот пад на цената од речиси пет проценти, уследи откако во понеделникот американската нафта поскапе за над еден долар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top