| четврток, 6 декември 2018 |

Прооден патот кај Порој, нема застои на границите

Коловозот на регионалниот патен правец Тетово-Јажинце кај с.Порој е исчистен и сообраќајот на овој патен правец е целосно нормализиран за сите видови на возила.

avtopat-gevgelija-skopje-3

Градежните работи на овој патен правец продолжуваат и се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top