Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и на ретки грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во охридско-преспанскиот регион времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови е можно да има изолирана појава на краткотраен дожд и на грмежи. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 32 степени.
Во дојранскиот регион сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 37 степени.
Во наредните денови ќе превладува сончево и топло време, во попладневните часови со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
За време на викендот и во почетокот на наредната недела се очекува нестабилноста да биде поизразена и застапена на повеќе места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.