Автомобилот на Мехмет Топал, играч на Фенербахче бил погоден од проектил додека се враќал од тренинг центарот во азискиот дел на Истанбул.
Играчот се спасил благодарејќи на блиндираното стакло на автомобилот, а напаѓачот е во бегство.
Засега не се знаат мотивите, но и претходно годинава беше пукано во автобусот со играчи на Фенербахче на враќање од Трабзон. Во тој напад беше тешко ранет клупскиот возач, а првенството беше времено суспендирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.