| четврток, 6 декември 2018 |

Големи шумски пожари во Сибир

шума

Повеќе од пет илјади припадници на руските единици за вонредни состојби се обидуваат да ги спречат пожарите, кои ги зафатија шумите во Сибир, соопштија денеска властите.

Во пламен се повеќе од 1.250 квадратни километри шуми во најмалку шест региони во источниот дел на Сибир, соопшти руката Федерална служба за шумарство.

Во републиката Бурјатија, која се граничи со Монголија, како и на источниот брег на Бајкалското Езеро, 60 пожари зафатија 717 квадратни километри земјиште, додаде службата.

Според надлежните власти, пожарите во Сибир сѐ уште не ги зафатиле населените места. Шумските пожари летно време се почести во Русија поради палењето на сувата трева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top